Што е поекономично: клима или отворени прозори?
Возачите отсекогаш мачеле мака, кога е во прашање потошувачката на гориво...
Познато е дека
клима уредите во нашите автомобили ги зголемуваат нашите трошоци, но дали тие
трошоци се поголеми или помали во споредба со отворените прозорци? Кога се
отворени прозорците, аеродинамиката во возилото се намалува и отпорот на воздух
станува поголем. Воздухот влегува во автомобилот и така го успорува, што
доведува до уште поголема потрошувачка. Поради тоа многу луѓе сметаат дека
климата е подобра и дека возењето со клима, всушност троши многу помалку
гориво, но да провериме дали таа информација е точна.
Истражувањето кое е објавено пред неколку месеци покажува дека е надалеку поекономично да се возите со спуштени прозори, отколку со вклучена клима.
На овој графички приказ е претставена потрошувачката на обичен автомобил кој се движи со брзина од 50 км/ч. Сината линија ја покажува потошувачката на гориво со вклучена клима, зелената линија ја покажува потошувачката со отворени прозорци, а црвената линија ја покажува потошувачката со затворени прозорци и изгасната клима.
Па, јасно може да се види дека отворените прозорци само малку ја зголемуваат потрошувачката на гориво, додека климата троши многу повеќе, па ако горивото ви е при крај или сакате да заштедите, тогаш не ја вклучувајте климата некое време.