Што гаќи ќе беа...Колку чинат најскапите машки гаќи на светот?
Ако направиме споредба, веруваме дека сите ќе се согласат со нас дека женската облека е генерално поскапа од машката, особено кога станува збор за долна облека ...
Всушност, во доменот на женската долна облека, не е невообичаено да се сретнат парчиња што чинат по неколку илјади долари, но целиот свет би бил во неверување ако нешто слично се случи во машкиот универзум. Но, погодете што? Една марка конечно отиде еден чекор подалеку од сите други и создаде машка долна облека со цена од 1.000 американски долари, што нè доведува до приказната за најскапите машки боксерки.
По таа цена, веројатно очекувате да бидат направени од злато, и ние мора да ви кажеме дека не сте далеку од вистината. Ова парче долна облека од илјада долари е направено од 100% кашмир, а доаѓа со детали создадени од 24 каратен златен конец.
Сепак, веројатно очекувате некој луксузен бренд да создаде најскапа машка долна облека, но не е така. Оваа облека е дело на бренд наречен Nice Laundry, кој не е баш познат по скапите креации.
„Не сакавме само колку “ради реда“ да креираме боксери со кашмир. Започнавме со 100% кашмир, а не мешавина од волна или кашмир со низок квалитет, а потоа работевме со тим овде во Њујорк за да ги направиме секој пар рачно порабен “, вели Рики Чои, ко-основач на марката.
Компанијата исто така им нуди на клиентите опција за монограм, која може да биде направена од злато. „Помеѓу цената и упатствата за одржување (само на хемиско чистење), овие боксери воопшто не се практични, но ние сме навистина горди на нив“, додава Рики.