Што ги прави мажите подобри љубовници?
Многу фактори влијаат на тоа каков човек е љубовник и дали сексот ќе биде добар или лош, но истражувањето покажало дека само една доблест укажува дека мажот би можел да биде добар љубовник.
Експертите, истражувајќи го сексуалното минато на жените, се обидоа да утврдат со кои партнери имаат најдобри сексуални односи и редовно го достигнуваат својот врв.
Студијата опфати жени под 69-годишна возраст кои не се во врска или брак затоа што експертите сметаат дека жените во врска ќе се чувствуваат обврзани да дадат подобра оценка на нивниот сегашен партнер дури и ако тие реално не го заслужуваат тоа.
Во 70-минутниот тест, испитаниците одговориле на разни прашања во врска со нивниот сексуален живот, а врз основа на нивните одговори, истражувачите откриле дека имаат најдобри сексуални односи со хумористични мажи.
Чувството за хумор се покажа како одличен показател за сексуалните вештини затоа што укажува дека мажот е опуштен во разни ситуации, вклучително и интимни, што е важно за добра комуникација меѓу партнерите, а на крајот, и добар секс.
Меѓу другите квалитети беше и креативноста. На мажите кои се креативни во другите области на животот, полесно е да ја изразат својата креативност во кревет. Мажите со овие квалитети покажале поголем интерес за сексуално задоволство на нивните партнери отколку мажите кои не ги поседуваат.