Што јаде Лео Меси за да биде издржлив: Планот за вежбање и исхраната што го претвораат од спортист во шампион
Лионел Меси на фудбалскиот шампионат во Катар покажа зошто и денес е меѓу најдобрите фудбалери, а за тоа е заслужен посебен план за исхрана и вежбање
Лионел Меси има 35 години и за фудбалер тоа се „години за пензија“, но Меси има план: ја продолжува младоста со посебен режим на исхрана и комплициран план за вежбање.
Овој Аргентинец се обидува со своите тренинзи да ја зголеми брзината и ефикасноста на своето тело.
Можеби не е толку ригорозен како Кристијано Роналдо, но за да постигне резултати Меси работи напорно.
Какви вежби содржат тренинзите на Меси?
чекор напред
истегнување на тетивите
јаже за скокање
„пленк“
стомачни
мост
сквотови
скок со пречки
вежби за забрзување
На крајот од тренингот пие многу течност и полека трча до 10 минути за да ги „олади“ мускулите.
Што јаде Лео Меси?
За да го одржи младешкото тело, Меси е на строга диета. Италијанскиот нутриционист Џулијано Позер направи револуција во својата исхрана во 2014-та година.
Пет клучни намирници што ги јаде Меси:
маслиново масло
интегрални житарки
свежо овошје
свеж зеленчук
многу вода
„Исто така, многу е добро да се јадат јаткасти плодови и семки. Шеќерот е најлош за мускулите. Колку повеќе се држите подалеку од шеќерот, толку подобро. Рафинираното брашно е исто така голем проблем бидејќи во денешно време е тешко да се најде незагадена пченица", вели нутриционистот. .
Омиленото јадење на Меси
Еден од омилените оброци на овој фудбалер е пилешко со зеленчук:
Потребни состојки:
маслиново масло
сол
4 чешниња лук
1 главица кромид
1 праз
700 грама компири
4 пилешки батаци
свежа мајчина душица.
Подготовка: Попржете ги кромидот, празот и лукот. Додадете пилешко и компири и печете сè во рерната.
Како професионален фудбалер, Меси никогаш не сака да јаде пица, бидејќи знае дека мора да биде дисциплиниран ако сака неговото тело да го достигне максимумот. Меѓутоа, ако нема талент, вежбањето и исхраната можат да бидат залудни.
„Тој е мало момче, но неговата сила е голема“, вели тренерот на Меси.
Извор: stil.kurir.rs