Што ќе ви се случи ако јадете една главица лук на гладно?

Лукот е секогаш корисeн и често експертите го препорачуваат за подобрување на имунитетот и за голем број други здравствени придобивки. Што се случува кога ќе јадете лук на празен стомак? 

Научниците откриле дека јадењето лук на празен стомак ja зголемува неговата ефикасност како природен антибиотик. Ова се случува затоа што бактериите се лесно достапни кога и недостасува храна во желудникот и не можат да се заштитат од „страшниот лук“. Се разбира, пред да пристапите кон јадење лук на гладно, треба да бидете сигурни дека немате стомачни проблеми. 

Лукот содржи околу 400 активни супстанции, богат е со витамини и минерали: аденозин, алицин, аминокиселини, растителни влакна, растителни масти, витамин А, витамин Б1 и Б2, витамин Ц, железо, ензими, етерични масла, јод, калиум, калциум, селен, сулфур и фосфор. Лукот има дезинфекциони, антибактериски и фунгицидни активности кои често се подобри од оние на најдобрите антибиотици. Најважната состојка на лукот е ахоинит, чиј ефект е подобар од дејството на аспиринот. 

При редовна употреба лукот ја стимулира циркулацијата и го олеснува протокот на крв, го намалува високиот крвен притисок и маснотии во крвта, и штити од болести на срцето. Одлично е и како антиоксиданс. Десет придобивки од лукот, кои можеби не ги знаете 

Лукот го подобрува либидото и сексуалниот живот, помага при воспаленија на ушите, при несоница, делува добро против акни, ублажува ревматски болки, го намалува крвниот притисок, ја враќа виталноста, ја ублажува кашлицата кај пертусис, помага при болки во мускулите, при напуштање на пушењето, делува добро против губење на косата.