Што може да направите за вашиот организам да биде поотпорен на вируси?

Совети од нутриционистите...

И додека вообичаените ситуации со настинките на никој не му претставува проблем, со пандемијата поради коронавирусот, изгледа дека е многу важно што е можно повеќе да го зајакнеме имунитетот.

Нутриционистката Хана Ричардс откри неколку злати совети за одржувањето на добриот имунолошки систем во кризниот период поради ширењето на коронавирусот.

„Нашиот имунолошки систем живее во системот за варење и затоа постои силна врска помеѓу начинот на исхрана, бактериите и имунитетот“ - истакнува Хана и ги открива следните правила до кои би требало да се придржувате:

- јадете здрава, свежа храна која ја подготвувате дома;

- спијте доволно;

- конзумирањето на суплименти од цинк докажано го намалува текот на преладување;

- конзумирајте витамин Ц кој е одличен борец против инфекциите;

- избегнувајте алкохол и пушење;

- избегнувајте тешки вежби во теретана;

- намалете го стресот.

НО, покрај овие совети исто така треба да се придржувате и до веќе потенцирате мерки за претпазливост, како што се редовното миење на раце, користење средства за дезинфекција, држење на растојание кога разговарате со некој, да избегнувате места каде што има многу луѓе...