Што направивме со животот: Големи куќи, мали семејства, многу дипломи, нема знаење!

„Парадоксот на нашето време е дека имаме поголеми згради, но кратки нерви; пошироки патишта, но потесни погледи; трошиме повеќе и помалку имаме; купуваме повеќе, помалку уживаме;

Имаме поголеми куќи и помали семејства; поголема удобност и помалку време; имаме повеќе дипломи, но помалку знаење; повеќе знаење и помалку расудување; повеќе стручњаци, а уште повеќе проблеми; поголемо знаење во медицината, а се‘ помалку здравје.

Пиеме премногу, премногу пушиме, премногу трошиме, размислуваме премногу, премалку се смееме, возиме премногу брзо, брзо се лутиме, предоцна легнуваме, се разбудуваме уморни, премногу малку читаме, премногу гледаме телевизија.

Ретко се молиме.

Ги зголемивме нашите имоти, но ги намаливме нашите вредности. Премногу зборуваме, многу малку сакаме, премногу често мразиме. Научивме како да преживееме, но не и како да живееме. Додаваме години во животот, но не и животот на годините.

Патувавме на месечината, а проблем ни е да одиме преку улица и да запознаеме нов сосед. Загосподаривме со надворешниот простор, но не и со внатрешниот. Направивме големи, но не и подобри работи.

Го прочистуваме воздухот, а ја загадувавме душата. Ние го скршивме атомот, но не и нашите предрасуди. Ние пишуваме повеќе, но учиме помалку. Планираме повеќе, но постигнуваме помалку. Научивме да брзаме, но да не чекаме. Имаме поголема заработка, но и понизок морал. Имаме повеќе храна и сè повеќе сме неблагодарни. Ние градиме посилни компјутери со поголема меморија, но зборуваме помалку и помалку. Ние се стремиме кон поголема количина, а забораваме на квалитетот.

Ова се периоди на брза храна и бавно варење; големи луѓе, но мали карактери; брза заработка и површни односи. Ова е време на мир во светот, а војна дома. Многу слободно време, а малку уживање. Време на разновидна храна и лоша исхрана.

Постојат се’ помалку финансиски проблеми во бракот, а сè повеќе развод; сè повеќе и повеќе луксузни домови, но и поделени домови; ова се денови на брзи патувања, оскудна облека и низок морал; дебели луѓе и апчиња што можат да сторат сè за да ве расположат, да ве намамат или да ве убијат.

ЗАПОМНЕТЕ:

Поминете што повеќе време со вашите најблиски, бидејќи тие нема да бидат со вас засекогаш. Кажи љaубезен збор на некој што гледа со стравопочит кон тебе, затоа што тоа мало лице ќе порасне и ќе си замине.

Запомнете да му дадете топла прегратка на оној што е близу вас, бидејќи тоа е единственото богатство што можете да го дадете со своето срце и не ве чини ништо. Запомнете да кажете „те сакам“ на вашиот партнер и вашите најблиски, но најмногу од сè, искрено мислете го тоа. Бакнежот и прегратката можат да заздрават рана ако доаѓаат длабоко од срцето. Запомнете да се држите за раце и да ги цените моментите кога сте заедно, затоа што еден ден таа личност нема да биде таму. Најдете време за љубов, најдете време за разговор и најдете време да ги споделите вашите драгоцени мисли со другите.

Смејте се често, долго и искрено. Смејте се додека не го изгубите здивот. Солзи се случуваат! Издржете, одболувајте, преживејте. Кажете им на луѓето што ги сакате дека ги сакате, во секоја можност, затоа што животот не се мери според бројот на вдишувања, туку со моментите кои ни го одземаат здивот!. “

* Овој текст го напиша американскиот стенд-ап комичар Џорџ Карлин по смртта на неговата сопруга.