Што правела Меланија Трамп за време на немирите во Вашингтон
Откако неговите приврзаници
упаднаа во зградата на Конгресот, обидувајќи се да ја оспорат победата на
демократски избраниот претседател Џо Бајден на неодамнешните избори
во САД, Доналд Трамп брзо се огласи
на социјалните мрежи, а тоа го стори
и неговата ќерка Иванка. За разлика од нив, Меланија не се огласи, па многумина се прашуваа што
правеше таа за тоа време.
Многумина се прашуваа каде била сопругата на Трамп за време на немирите, а Си-Ен-Ен дознава дека таа организирала фотосесија во Белата куќа во тоа време.
„Тие снимаа теписи и други работи во резиденцијата на претседателот и источното крило“, тврди нивниот извор.
Меланија, наводно, сака да објави книга во која ќе пишува за предметите што ги обновилаод влегувањето во Белата куќа.
Додека бројни медиуми и јавноста се прашуваат дали Меланија ќе се огласи за упадот во зградата на Конгресот, извор од Белата куќа за Си-Ен-Ен изјави дека нема да има ништо од тоа.
„Таа повеќе не е психички или емоционално подготвена да се вклучи“, рече изворот.
Извор: nova.rs
Фото: EPA-EFE/ANNA MONEYMAKER/Tanjug/AP Photo/Manuel Balce Ceneta