Што пре богатите можат да купат, а другите не знаат дека постои?

Што ултра богатите можат да купат, а другите луѓе не знаат дека постои?

Ова прашање разви дискусија на сајтот „Reddit“.

Луѓе кои имаат меѓу 10 и 30 милиони долари

На ова ниво вашите потреби се задоволени. Можете да летате во прва класа, да имате убава куќа, да си пружите здравствена заштита. Но, не сте толку богати во смисла парите да не ви бидат важни. Мора да бидете паметни и одговорни при носење на одлуки за финансиите. Ако се занимавте со банкарство, тоа не значи дека сте „ултра богати“.

Луѓе кои имаат меѓу 30 и 100 милиони долари

Одите на одмор кога е најскапо, имате неколку куќи, управувате голема компанија или имате удел. Купувате автомобил каков што сакате, одмарате во хотели со пет ѕвезди или седум ѕвезди, имате послуга. Можете да патувате каде сакате и да купите многу работи кои обичните луѓе ги сметаат за „играчка на богатите“.

Луѓе кои имаат меѓу 100 милиони долари и милијарда

Сигурно имате свој остров и многу пријатели милијардери. Имате многу луѓе околу вас и слуги. Се е на дофат. Да посакате и лет во вселената и тоа може да се оствари. Вашиот живот нема многу да се промени ако богатството ви скокне од 200 на 900 милиони долари.