Што сакаат мажите за Нова Година? Ова ќе ве изненади
Онлајн анкета откри што сакаат да добијат мажите за Нова година.
Кој е најдобриот подарок за мажите?
Сега е време да почнеме да размислуваме за новогодишните подароци, а „BuzzFeed“ ги праша своите машки читатели што најмногу би ги израдувало.
Сложувалки
Да, сложувлки. Но, не било кои, туку најтешките, кои се состојат од илјада ситни делови со иста боја.Тоа е, пишува BuzzFeed, идеален подарок за мажите кои сакаат предизвици бидејќи парчињата се ситни, а кој ќе успее да ги состави ќе биде многу горд на себе.
Чорапи
Пар висококвалитетни чорапи кои може да се носат во секоја пригода, на пример низ дома, за трчање, работа..
Машинка за бричење
На мажите кои ја одржуваат својата брада овој подарок им е многу корисен.
Ренде за сирење
За мажите кои сакаат да готват, секој кујнски прибор ќе биде добредојден, а рендето за сирење е многу корисно.
Лего сет
Ништо без лего сет.
- Секогаш сум воодушевен од разновидноста на лего комплетите, но мислам дека најдобрите сетови се оние што ви дозволуваат да изградите домови од вашите омилени ТВ-серии и филмови. Комплетот „Сам дома“ од 3.955 парчиња е доволен за да ме задржи во божиќниот дух цела година- напиша еден читател.
Чизми
- Секој заслужува барем еден пар стилски чизми да ги носи на свадби, состаноци или само да изгледа добро на работа. „Тоа е одлично“, изјави еден читател.
Ракавици за трчање
Ни претстои постудено време, па ракавиците, пишува BuzzFeed, се одличен подарок за мажите кои многу трчаат.
Извор: informer.rs