Што сакаат жените? Три типа на мажи на кои жените „одлепуваат“

СИЛНИ И МАЖЕСТВЕНИ

Тие се силни алфа-мажи, огромни количини со тестостерон кои секогаш привлекувале внимание. Мажественоста е она што ги возбудува жените, па затоа претставниците на оваа група мажи секогаш ќе бидат интересни за женскиот пол, без оглед на се. Сцени од филмови во кои исончан градинар со цврсто, мускулесто и испотено тело ја претставува својата сила се нешто што ќе ја привлече скоро секоја жена. Се разбира, тука не станува збор за подлабоки емоции, туку за сурова страст.

ЧОВЕК ОД СТИЛ

Елеганцијата и пристојноста, внимателно одбраната облека и друштво, пристоен парфем и галантен пристап кон жените сигурно ќе останат привлечни. Иако овие карактеристики ги красат претежно богатите мажи, дури и не е потребно да имате многу пари на сметката, доволно е да знаете што сакаат жените, а одговорот е - тие сакаат да бидат разгалени и згрижени.

ИМА Х ФАКТОР

Иако ни се чини излитена фраза Тој го има тоа нешто, факт е дека некои мажи го имаат баш тоа нешто. Може да биде што било: секси изглед, убав глас или привлечна насмевка, манири и талент, но почесто доаѓа од целосниот впечаток што некој го создава.

Извор: Nadlanu.com