Што се случува со машката мода?

Одредени реномирани светски модни критичари сметаат дека ситуацијата станува се‘ посериозна во поглед на модата за мажи. Трендовите драстично се менуваат, а токму во последниве години на мажите им се сервира се‘ повеќе облека со женски кроеви (ако може така да се наречат). Критичарите постојано си го поставуваат ова прашање - Што се случува со машката мода? Не можеме да не забележиме дека мажите денес изгледаат сосема поинаку отколку пред неколку години. Се разбира, не сите припадници на машката популација следат нови трендови, но бројот на такви мажи се зголемува секој ден.

На  модната сцена во голем дел стапија на сила трендови во кои мажите носат здолништа, корсети, претесни фармерки и маици, хулахопки, чевли со висока потпетица, големи чанти... Модните познавачи велат дека започнува ерата на ослободување од утврдените норми на облекување и дека мажите во современиот свет имаат можност да бираат како ќе се обелечат без да се запази мажествениот код кој провејувал низ годините- вековите.

Се чини и дека помина времето кога момците одеа на шопинг еднаш во сезоната и купуваа пантолони и патики (по можност на распродажба), кои би ги носеле во следните неколку години. Според онлајн модната платформа Lyst, мажите станаа вистински шминкери: продажбата на машки колекции со примеси на женска облека и додатоци расте за десет проценти секоја сезона, а обичните парчиња, како и костумите не се ни продаваат. Мажите се подготвени да издвојат значителна сума за да ја задоволат својата суета, особено кога станува збор за дизајнерски парчиња. Така, луксузната модна куќа Баленсијага објави дека растот на продажбата може да се припише на машките клиенти, оние на возраст од 20 до 35 години, кои редовно ја ажурираат својата гардероба со сезонски новини. Затоа, експертите очекуваат дека глобалната побарувачка ќе се зголеми за 2,3 проценти оваа година, па дури и да го надмине растот на пазарот за женска облека и модни детали.

Многу магазини за мажи имаат теми во последните месеци како „Што значи да се биде маж овие денови“, „Како да изгледате како модерен човек“ и „Каков е современ човек“ - затоа што тој веќе не е тип со сив или тегет костум за на работа, и во слободно време фармерки...

Познавачите велат дека мажите полека, но сигурно стануваат посмели и поотворени кон „вистинските“ бои, различните модели и кроеви. Интернет-продавницата „Мистер Портер“, која нуди колекции на повеќето дизајнерски модни брендови, во моментов вели дека најбарани се свилени цветни кошули, тренерки со лого, плишани јакни, сите розови модни додатоци и шарени патики со висока пета.

„За разлика од женската мода, има многу простор за нови идеи во машката, се‘ додека облеката и понатаму останува да биде нослива“, вели Мајкл Филуз, уредник на машка мода во американското издание на списанието „Вог“. Ова е повеќе од очигледно дури и по неодамна завршените модни недели за мажи во светските модни центри. А, за тоа што во машката мода се‘ повеќе се практикуваат сегменти од женската мода, Филуз додава дека секој има право на свој избор, но сепак треба да се знаат одредени граници или поинаку речено- имате слобода, но не значи дека треба да ја прокоцкате со облека која никако не ви прилега...

Еве каде се кршат копјата и каде е најтенка границата според врвите познавачи кога станува збор за новите машки модни текови:

1. Премногу тесни панталони

Не е до крај јасно зошто некои мажи мислат дека ќе изгледаат попривлечно во тесни панталони. Такви кои искцртуваат се‘! Овој тренд станува неверојатно популарен, а социјалните мрежи едноставно се преполнети со маживо екстремно тесни панталони како да се хеланки.

2. Маици со преголем V израз

Деколтето на жемите и деколтето на мачите не е исто. Ова е уште еден шок на модните трендови се маиците кои имаат џиновски V израз. Која е поентата на маичката ако градите, косата и другите атрибути ќе бидат видливи за вас. Како и со екстра тесните панталони, овој моден тренд станува неверојатно популарен.

3. Чизми и чевли со висока потпетица

До неодамна, високите потпетици беа заштитен знак на жените, но дури и тоа започна да се менува. Некои мажи почнаа да носат чизми и чевли со поголеми потпетици, со цел да им ја зголемат висината. Критичарите велат дека подобро е да бидете метар и жилет, отколку да носите вакви нешта.

4. Премногу искинати панталони

Назад во 80-тите и 90-тите, се навикнавме да ги кинеме намерно панталоните и тоа е во ред, но овој моден тренд денес е достигнат до максимум. Панталоните што ги носат некои мажи се толку искинати што ќе помислите дека паднале од моторот со брзина од 200 км. на час.

5. Преголеми чанти

Чантите се омилен придружник на жените, но и на некои мажи. Нема ништо лошо во тоа што мажот носи чанта, но најновите трендови сугерираат дека мажите, како и жените, треба да носат огромни торби во кои ќе ги ставаат своите предмети. Критичарите имаат само едно прашање - какви работи ?? Паричник, очила, клучеви за автмобили, мобилен, тоа е сè што носат претежо.

Здолништа

Токму за ова модно парче во светот на модата се води жестока расправија. Дали здолништето е наменето само за жените и зошто да не го носат мажи кога го носеле низ вековите? Темелен одоговор за ова не постои. Се‘ тече, се‘ се менува, но...

Р.М.М

Фото: Style hunter