ШТО СЛУШААТ ПОЗНАВАЧИТЕ НА ДОБРИОТ ЗВУК
За Теохаров аудио како единствен македонски производител на High-End аудио опрема и нивниот беспрекорен квалитет зборувавме во наша претходна сторија. Со право бредот можеме да го наречеме наша гордост затоа што се рамни со квалитетот на најреномираните светски производители на звучници.
Постои повеќе од 20 години. Не станува збор за сериско производство, туку за индивидуален пристап кон секој произведен систем. Звукот кој се создава може само да се доживее, да се осети, да ве подигне од место со чистотата и совршеноста.
Покрај нивната работилница, го отворија и „Аудиокултура„- изложбен простор достапен за сите. А таму пак, се случува вистинска звучна перфекција која аудиофилите ја препознаваат веднаш штом се пушти музика пренесена преку звучниците на Теохаров.
Водени од желбата подетално да го истражиме тој свет, ја посетивме Аудиокултура – местото во кое освен квалитетен звук, секогаш ќе сретнете по некој инспиративен вљубеник во музиката.
Каков е впечатокот на македонскиот пазар, по што трагаат аудиофилите и што воопшто значи High-End како технологија, но и како култура на живеење, дознаваме од неколку соговорници.
На наше големо задоволоство, во Аудиокултура го сретнавме Д-р Александар Сајковски, личност со големо искуство и пасија за квалитетна музика.
На прашањето: По што трагаат аудиофилите? Која е листата на критериуми кои мора да ги поседува квалитетен/врвен аудио систем ни одговори прецизно:
“Клучната точка кон која се стремат аудиофилите е ”Апслолутен звук “ што по дефиниција значи „звук на вистински акустични инструменти кои играат односно продуцираат звук во реален простор“ .
Имено за вистинските аудиофили аголот на гледање во однос на цената е ирелевантен. Клучен елемент во проценката на музичката опрема е репродукцијата на звукот, чистината, прецизноста, точноста, длабината, 3Д проекцијата и сликата на песната што ја слушате. Наша интенција е ако слушаме концерт на џез или симфониски оркестар на класична музика, да она што во концертната сала го гледате и слушате истото го добиете дома.
Последниве седум години мојата лична комуникација со Веселин Теохаров, користењето на нивните производи, како и следењето на нивниот развоен пат во продукцијата на „High end“ аудио опрема е пат кој би сакал едноставно да го искажам со една реченица: „Тоа е звук на вистински акустични инструменти кои лебдат и ве допираат продуцирајќи звук во вашиот реален простор“. Моето лично 50 годишно искуство со инструментите, звукот и музиката ме чини горд што во мојата држава имаме производ со кој би се гордееле без оглед каде да живееме.”
Патувањето во светот на аудиофилите го продолжуваме со Г-дин Игор Бегиќ – директор на маркетинг во Т-Мобиле, потрошувач, искрен критичар и објективен поддржувач на Теохаров аудио уште од самиот почеток.
Г-дине Бегиќ, Вие сте едни од првите клиенти на Теохаров. Како го гледате развојот на Теохаров од првото запознавање до сега?
Еден од првите уреди направени во аудио лабораторијата на Теохаров е мој и тоа ми причинува огромно задоволство.
Спред мене, она што е кручијално за Теохаров е тоа што има слух за корисниците и љубителите на „добриот саунд“. Својата генијалност, знаење и искуство ги инплементира во секој нивен коментар. Кога на се ова ќе се додаде огромната љубов со која се направени резултатот е перфекционистички креиран уред.
Теохаров далеку отиде … Визуелно перфектно изработени проиводи, со врвни вградени елементи, технички апсолутно идеални и транспарентни, направени со многу труд и посветеност со една цел: да ги приближи нашите можности до светски реномирани аудио квалитети.
На наше големо задоволство за соговорник го имавме и Г-дин Илија Илоски-Оперативен директор на Комерцијална банка ад Скопје
Немаше потреба од прашање, разговорот едноставно почна уште еднаш потврдувајќи ни го исто што и Теохаров, дека математиката и музиката се во нераскинлива врска. Комплетно растоварена од технолошки перформанси, но не помалку аналитична, неговата изјава над се изобилува со емоции, задоволство и исполнетост.
“Има работи кои едноставно те освојуваат на прва топка. Не припаѓам на луѓето кои вообичаено не критички им приоѓаат на нештата, дури напротив, но во случајов со звучните кутии на Теохаров потпишав „капитулација“ во истиот оној момент кога беа монтирани и поврзани со засилувачот и другите уреди и кога од нив потекоа првите акорди на Џониевата гитара.
Трагајќи по сопственото влегување во светот на возрасните им се навраќав на Бијело дугме, Идоли, Јосипа Лисац, Смак, Рибља Чорба … посебно на ЛЕБ И СОЛ.
Сомничавоста ме одведе и до џезот, па до класици како Луј Армстронг, Дјук Елингтон, Били Холидеј, Ела …
Во мигов и не можам да им се наситам на музиките документирани на „Крушево“ од Стефановски и Тадиќ, концертниот албум на Амира Медјунанин, на комплетната дискографија на Леонард Коен, на сензуалната Шаде... кои пропуштени низ овие кутии, со топлината и лесно видливата елеганција, ме водат до вистинските вредности и во некои поубави времиња и светови
Кругот го затворив со дела од класичната литература – со Шопен, Равел, Сати...
И, се разбира некако ништо не беше исто. Не заради квалитетот на песните туку поради звукот кој извираше од звучниците. Беше многу различен од матрицата што дотогаш ја имав во главата за „мојата музика“. Како да ми се отвораа нови звучни светови, сега музиката како да добива на вредност, на аудио патина.
Конечно, ќе речам дека и не сум којзнае каков познавач на техниката, посебно на ваквите софистицирани направи, што подразбира дека моите заклучоци се повеќе плод на емоциите и делумно на дотогашното искуство, но овој продукт на Теохарoв, неговата длабочина, прецизност, елеганција, динамика … е не само негова туку и наша гордост. Јас лично заборавив на „конфекциските“ кутии со бренд имиња што дотогаш ги извртев околу себе, и конечно останувам своите натамошни пловидби во океанот од звуци да ги правам единствено со овој наш, македонски продукт кој несомнено стои на исто рамниште со извиканите од светот.
И, се надевам дека ова е само почеток на нивната потрага по совршениот звук што ќе однесе чекор подалеку на задоволство на сите искрени љубители на музиката.
До убавината која се надевам има уште сили и моќ да ја победи празнотијата и безидејноста. Затоа ова е триумф на една идеја и на упорноста да се стигне до зацртаната цел.”
А целта?
Постои ли лимит кој ќе го задоволи и сопре Теохаров во потрагата по совршенство?
На ова прашање добивме одговор од Тони Станковски – сопственик на производствен погон за индустриски масла, кој потрагата за совршен звук го насочила кон Теохаров. Го прашавме зошто го одбравте Теохаров и што добивте со изборот:
“Ќе се обидам на мој начин да го опишам системот кој што го поседувам од Теохаров. One of a kind, state of the art, master piece of engineering, ultra high end Teoharov audio system. Накратко, јас од Теохаров побарав да го добијам без компромис најдобриот современ аудио систем, без притоа да ги ограничувам инжиниерските, конструктивните и уметнички можности на креаторот. Добив над 1500 кг хардвер составен на начин препознатлив и разбирлив само за малкумина, но остелив за сите кои го имаат слушнато или видено, без разлика на нивните општи или стручни познавања. Пристигна инжиниерско ремек дело од пар звучници со “скромна” висина од 2.15 метри, пар субвуфери со зафатнина од 2 метри кубни, 12 засилувачи (6 по канал со вкупна моќност од активни 4kW) батериско предпојачало и како шлаг на се, врвна 10 канална аналогна активна “скретница” (со 5 банда во еден канал). Се предходно напоменато е поврзано со дистрибутери, струјни и интерконекциски кабли специјално дизајнирани за овој систем, изработени повторно од Теохаров. Моите мегаломански очекувања и барања не само што беа остварени туку се повеќе кратно надминати. “
За среќа на сите нас Теохаров неуморно работи на пробивање на лимитите – сопствените, но и на потрошувачите. Секогаш може повеќе, секогаш може подобро, секогаш има нов, повисок таргет за совршено.
Интересно е запознавањето, впечатокот и соработката на Илија Сековски – менаџер и програмер во АССЕКО, со Теохаров
“Првата средба со Веселин Теохаров се случи пред повеќе од три години во неговиот клуб каде беше поставен некојси систем кој тукушто го изработил. Ништо импозантно, мали мониторски звучници, засилувач.... Сè уште ми е во сеќавање моментот кога излегоа првите звуци од музиката, напросто бев вџашен од тоа што го слушнав, едноставно не бев подготвен за такво доживување. Неверојатно чист звук, огромна звучна слика, имав чувство дека изведувачот стои пред мене заедно со целиот бенд. Во истиот момент ја донесов одлуката дека оттука натаму ќе го заменам целиот тековен аудио систем со уредите од палетата на Весо. Во наредниот период, до денешен ден, мојот аудио систем претрпе голем еволуциски пат, звучниците ги заменив три пати, предзасилувачот неодамна, земав и дополнителен засилувач итн. Сегашаниот аудио систем содржи повеќе компоненти, се разбира сите изработени од Теохаров.
За Веселин можам без претерување да кажам дека е врвен инженер со долгогодишно искуство во изработка на аудио компоненти, човек кој има прочитано илјадници страни литература во доменот на аудиото, поминато илјадници часови со леткумот во рака, човек за кого не постои компромис на сметка на квалитетот на звукот, едноставно човек кој тежнее кон совршенство.”
Пар звучници стигнале и во Битола од каде преку сопственикот Васко Димовски ја добивме следната импресија за звучниците кои ги поседува:
“Звукот е со топла карактеристика, изграден врз прецизна и динамична основа, која исто така има одличен тајминг и прекрасна интеракцијата помеѓу самите инструменти. Ваквите карактеристики овозможуваат долги музички сесии без никаков замор. Детслите и стабилноста на звукот се беспрекорени преку целиот дијапазон, од најтивко до најгласно слушање.
Од аспект на изработка, станува збор за сериозно робусни и максимално квалитетни уреди, без никаков компромис. Исто така достапна е огромна флексибилност при изработката и финишот на самите уреди.
Уредите располагаат со висококвалитетни компоненти, доста богата спецификација и огромна излезна моќ. А како најбитно за еден ваков Hi-End уред е гаранцијата за квалитет и поддршката од производителот која мора да се спомне дека е "second to none".”
На прашањето како го цените појавувањето и позиционирањето на Теохаров во high end аудио светот ни одговори Филип Димитров – вработен како водечки менаџер во маркетинг компанија и пасиониран љубител на high end аудио:
Појавувањето на Теохаров на Балканската аудио сцена е вистинско освежување, бидејќи пристапот е навистина оригинален и уникатен. Спој на врвна изработка и дизајн, висококвалитетни компоненти, оригинални технички решенија, можност за огромно приспособување на уредите според барањата на клиентот и апликација на најнапредни технички решенија, ја прави конкуренцијата во најмала рака старомодна. Сум можел да ги споредам производите на Теохаров со производи и брендови кои се светска референца и одговорно тврдам дека компонента од Теохаров има многукратно пониска цена од референтни производи во дадена категорија, а квалитетот на изработка и звукот кој произлегува од Теохаров е подобар. Ако човек може да прејде преку предрасудата дека се ова производи направени во Македонија, тогаш ништо нема да го спречи да направи систем за вистинско уживање во музиката.”
Се не води на заклучок дека Теохаров не е само сериско производство. Нашите тројца следни соговорници ни доловуваат што сè се добива со изборот на Теохаров и која е неговата предност во однос на светски познатите брендови:
За Теохаров имам само позитивни зборови. Најпрвин, PowerDistributer-от на Теохаров е извонреден – првокласен квалитет на изработка и софистициран дизајн. Како македонски прозивод, што вклучува целосна достапност до услугите на Весо како и можноста да го чуете уредот пред да го купите, тој воопшто не заостанува зад реномираните светски брендови кои патем се продаваат по повеќе илјадници евра.” – Бране Пелистер
Професорот на правниот факултет Гордан Калајџиев предноста ја гледа во достапноста
“Регионов одамна е познат по иновативни конструктори на врвна аудио опрема.
Конечно и кај нас се појави Теохаров аудио, за изненадување со цела лепеза на иновативни производи: засилувачи, звучници, кабли и дистрибутери за струја, сталажи и сл. Ако на ова се додаде одличниот салон каде се ова може да се чуе, брзиот сервис и можноста продуктите да се пробаат дома, па дури и да бидат дизајнирани по желба на потрошувачите, што повеќе може да посакате?!”
Според нас, а и според сопственикот на Концепт Кафе од Струмица – Столе Иванов, можеме и да посакаме и да добиеме многу повеќе од само производ.
“При изборот најбитен ни беше квалитетот, а „Теохаров“ е веќе и познат и со докажан квалитет и тоа за жал многу повеќе надвор од нашата држава. Дополнителна мотивација за нас беше да имаме комплетно озвучување од Македонски Производ.
И не погрешивме. Добивме кристално чист звук со врвен квалитет. Во нашиот угостителски објект се создаде пријатна атмосфера во која клиентите уживаат во прекрасниот звук, а воедно си разговараат без да се довикуваат.
За задоволството да биде целосно, тимот на Теохаров не се штедеше воопшто по основ на целосна логистика, безброј патувања до Струмица, многу работни ноќи со љубов и посветеност кон крајна цел - беспрекорно пријатен звук.”
Слично е и искуството на Манче Трендафилов, директор во Т-Мобиле кој вели:
“И ден денес добро се сеќавам на првите зборови на Веселин Теохаров. Ми рече: Те молам само апстрахирај се од сознанието дека овој продукт е направен во Македонија како не би влијаело на твојата оцена на слушниот тест. Го погледнав чудно но не ги процесирав тие негови зборови туку со нетрпение чекав да слушам музика.
Во истиот момент кога почна да свири музиката нешто “кликна” во мене. Веднаш ми стана јасно дека звучниците перформираат врвно!
Беа полни со детали, даваа прецизна звучна сцена на која можеше точно да се лоцира секој изведувач и инструмент, сцената беше голема со чуство како да сум на изведба во живо. Тогаш сфатив дека станува збор за high end звучници, класа која влегува во конкуренција со звучници од рангот на неколку десетици илјади евра.”
Потврда за континуиран растеж од секој аспект и веќе препознатлива позиционираност на Теохаров на пазарот е и приказната од Г-дин Божидар Јанковски од Дајнерс за личната потрага по совршен звук:
“Ако сте од семејство на кое музиката и е убав дел од денот... животот, тогаш некако постојано сте во потрага по совршениот звук на вашите омилени песни. И јас бев во таква потрага се до денот кога, како викаат нашите, патот ме навеа до Теохаров music.
Тоа е совршениот звук на мојата музика.
Навистина, доколку сакате да ја чуете најдобрата верзија на музиката која ја слушате или сте ја слушале, мора да отидете до таму.
Седнете, опуштете се и вашиот музички свет ќе биде сосема друг.
Потрагата заврши.
Ја завршуваме и нашата посета на Аудиокултура. Добивме непроценливи изјави кои изобилуваат не само со податоци за Теохаров како бренд и неговите технолошки достигнувања, туку и силно потенцирана свесност колку тоа значи и како заслужено се почитува.
Од Аудиокултура си заминавме со поздрав: до следното видување!