ШТРУМФОВИ – ЗА ПРВ ПАТ ВО МАКЕДОНИЈА ВО ИСТ ГЕЈТ МОЛ
ШТРУМФАСТИЧНА ИНТЕРАКТИВНА ПОСТАВКА од 18 ноември до 09 декември
На 18ти (петок) пристигаат сините прекрасни Штрумфови, со кои голем број од нас се потсетуваат на своето детство.
Штрумфовите пристигаат во East Gate Mall заедно со нивното магично село, каде дечињата ќе може да влезат во штрумфастичните печурка-куќички, да готват супа, да ја посетат лабораторијата на Веле Штрумф, салонот за убавина на Штрумфета, кафезот на Гаргамел, да го видат Азриел и многу други забавни активности, креативни работилници.
Интерактивните настани ќе се одвиваат секој вторник, четврток и петок од 18ч, како и сабота и недела од 13ч и 18ч, запознавање и фотографирање со Велештрумф, Штрумфета и Штрумф Текнувало, Гаргамел и Азриел.
Присуство на сите настани е бесплатно во текот на целиот период, од 18 ноември до 9 декември.
Штрумфовите се приказни кои се стари 100 години. Тие се заштитници на природата и на старите добри вредности. Амбасадори на Обедитените Нации за целите на одржливост и развој на човештвото.
ПР објава