ШВАРЦЕНЕГЕР покажа како ги „малтретира“ ќерките во карантин
Арнолд не престанува да ја забавува публиката за време на карантинот ...
Легендарниот актер, бодибилдер и гувернер сериозно ја сфати пандемијата и веќе повеќе од еден месец е стававен во карантин. Арни не го напушта својот дом и трпеливо чека за ситуацијата да се смири, а бидејќи има над 70 години, тој вели дека е исплашен и дека сака да го намали ризикот од добивање на овој вирус.
Иако има голема куќа и голем двор, тој признава дека останувањето во карантин понекогаш може да биде вознемирувачко, па затоа често наоѓа различни работи што треба да ги стори за да „убие“ време. Овој пат, тој одлучи да ја изгланца својата колекција на каубојски чизми, и побара помош од неговата ќерка Кристина.
Иако Арни беше воодушевен од задачата, неговата ќерка не е беше баш толку среќна, па саркастично им кажа на фановите дека е „воодушевена што минува време со нејзиниот татко“.
Арнолд, се разбира, си го истера своето и рече дека другите негови ќерки му помагаат во овие видови на задачи, но дека тие во моментот се разбегале, така и сè паднало на Кристина да чисти.
Погледнете како легендарниот Шварц го поминува времето во изолација: