Си пиете кафе, а не знаете како правилно се консумира: Еве ви нешто корисно
Не е доволна само љубовта кон кафето, туку треба да го пиете и на вистински начин. Освен кофеин, кафето содржи и други супстанци, меѓу кои киселини и други компоненти. Па, затоа овој пијалок треба правилно да го пиете, за да не влијае лошо на вашето здравје.
Не пијте кафе на празен стомак
Кафето содржи хлорогена киселина. Ако желудникот ви е празен, киселината може да ја оштети неговата мембрана. Затоа многу луѓе имаат болки во стомакот.
Пијте кафе 30 минути по појадокот
Поради тоа што храната може да ја активира секрецијата на желудочен сок, ако пиете 15 или 20 минути по појадокот, може да имате киселини. Тоа ќе го забрза процесот на варење и ќе придонесе за намалување на килограмите.
Што да направите ако кафето ви предизвикува киселина во стомакот
Нутриционистите препорачуваат да пиете кафе со млеко, павлака или шеќер.