Силен земјотрес ги погоди Аргентина и Чиле

Силен земјотрес, со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди северозападниот дел на Аргентина рано утрово, во областа која граничи со Чиле, што предизвика земјотресот да го почувствуваат жителите на двете јужноамерикански земји.

Нема извештаи за повредени, но некои градови останаа без електрична енергија, објави АП.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,4 степени, а епицентарот бил на 27,6 километри југоисточно од градот Порсито на длабочина од 14 километри.

Силниот земјотрес се почувствува и во главниот град на Чиле, Сантијаго де Чиле, кој се наоѓа на околу 300 километри оддалеченост од областа погодена од земјотресот.Чилеанските власти соопштија дека не е пријавена штета во земјата.

Од другата страна на границата, во Аргентина, медиумите објавија загуба на електрична енергија во домаќинствата околу Порсит, а земјотресот се почувствува и во супермаркетите, каде намирниците паѓаа од полиците.


Фото: pixabay