Силимарин и Артичока – вистински избор за здрав црн дроб
Црниот дроб е меѓу најбитните органи во телото и орган коj извршуванад 500 значајни функции. Меѓу многуте функции, тој ги обработува хранливите материи од храната и пијалаците и ги филтрира потенцијално токсичните супстанции од крвта кои сме ги внеле преку храната или на друг начин. Според многу студии, природни состојки како силимаринот и артичоката можат да помогнат во третманот на замастен црн дроб.
Силимаринот е флавоноиден комплекс кој е најважната состојка на растението познато како магарешки трн или млечен трн. Постојат голем број на истражувања каде што научниците потврдуваат дека силимаринот е антиоксидант во хепатоцитите (клетките на црниот дроб) и на тој начин ги штити од оштетување. Силимарин го зголемува нивото на глутатион во црниот дроб, а глутатинот е најважниот антиоксиданс за заштита на црниот дроб.
Артичока (Cynarascolimud)—хранлива билка од фамилијата главоцветни. Артичоката потекнуваат од Средоземјето и како растение се одгледува за исхрана и во медицински цели, а од сушените листови и делови од стеблото се прави чај. Ова растение е влакнест и зелен зеленчук кој во себе содржи цинарин, кој меѓу другото, го и регулира нивото на шеќер во крвта,. Екстрактот од листовите и стеблото на артичоката, од дамнина се препорачувале за здравје на црниот дроб.Според многу истражувања, тие се моќни заштитници кои ги намалуваат крвните липиди во телото, како холестеролот. Цинаринот и силимаринот – фитонутриенти кои ги има артичоката го даваат силниот и позитивен ефект за здравјето на црниот дроб. Артичоката делува холеретично односно преку зголемено лачење на жолчка, црниот дроб е во состојба засилено да го претвора холестеролот во жолчни киселини и го намалува покачениот холестерол.
Накратко,комбинацијата од Силимарин и Артичока е наменета за одржување на добро здравје на црниот дроб. Освен тоа се применува и при нарушување на функцијата на црниот дроб кај следниве болести и состојби:
- хроничен хепатис Б и Ц (воспаление на црниот дроб)
-оштетување на црниот дроб поради внесување на алкохолни пијалаци во организмот
-цироза на црн дроб
Капсулите со Силимарин Артичока особено се препорачуваат за мажи и постари лица.
Мр.Фарм Јулија Димовска