Забава // Музика и филм
Силвестер Сталоне не е отпишан од актерството: Се приклучува на „Одредот на отпишаните“
Можеби ова не се очекуваше со оглед на староста на актерот, но тој едноставно нема замена.
Силвестер Сталоне се приклучува на актерската екипа на новото продолжение на „Одредот на отпишаните“ (The Suicide Squad). Ова ја објави режисерот Џејмс Ган.
„Отсекогаш сакав да работам со мојот пријател Сталоне и нашата работа на ’Одредот на отпишаните‘ не e исклучок…рече Џејмс.
Сталоне го потврди податокот. Според ИМДБ, сè уште не се знае кој лик тој ќе го толкува. Во филмот, чиешто прикажување е закажано за 6 свгуст 2021 година, своите улоги ќе ги повторат Марго Роби како Харли Квин, Џеј Кортни – капетан Бумеранг, Џоел Кинаман – полковник Рик Флег и Вајола Дејвис како Аманда Волер. Останува нејасно кој ќе го глуми Џокер, откако стана јасно оти Џеред Лето засега не се враќа во улогата на негативецот.
Во новиот филм ќе се појават и Идрис Елба и Џон Сена.
Сталоне, најверојатно, ќе глуми и во четвртиот дел на „Платеници“ (The Expendables 4), но тој проект е сè уште во претпродукција.