Силвестер Сталоне за смртта на синот: Ниту една болка не може да се спореди со онаа кога ќе изгубите дете

фото:Profimedia

Херојот на култните филмови тивко ја преживеа смртта на својот син, но кога одлучи да зборува, неговите зборови расплачаа милиони.

За повеќето од нас, одењето во кино е начин на бегство од реалноста, изгубени во имагинацијата, каде на крајот ликовите секогаш имаат среќен крај.
Дали некогаш сте размислувале за актери со помош на кои ја заборавате реалноста? Кој нив ги лечи кога страдаат?

Силвестер Сталоне, по загубата на својот најстар син Сејџ, се повлече во тишина.

Сејџ беше првото дете на Силвестер и неговата сопруга Саша Чак со која беше во брак 11 години. Тој почина на 26-годишна возраст, на 13 јули 2012 година, во својот стан во Лос Анџелес од срцев удар предизвикан од атеросклероза.

Смртта на синот го собори храбриот Роки. Тој бараше тишина и приватност.

Силвестер Сталоне тогаш рече: "Ниту една болка не е посилна од онаа кога родител ќе изгуби дете. Затоа ги молам луѓето да покажат почит кон споменот на мојот талентиран син и да сочувствуваат со љубовта на неговата мајка Саша. Оваа болна загуба ќе остане со нас до крајот на нашите животи."

По разводот на Силвестер и Саша Чак, пред смртта на Сејџ, имаше тежок период меѓу таткото и синот. По неколку години, тие ги закопаа секирите, па дури почнаа да снимаат филмови и да даваат интервјуа.

Сталоне соработуваше со Сејџ во филмот Роки 5, а неговиот син планираше да се занимава со продукција. И покрај неговите здравствени проблеми, никој не можеше да замисли дека вакво нешто ќе му се случи на овој млад човек.

Смртта на неговиот син тешко го погоди Сталоне. Тој се повлече за да се бори со својата болка во тишина.

Во август 2012 година, актерот изјави:

„Многу е тешко. Ова е ужасна ситуација, но тоа е реален живот - времето ви помага да се борите и да се обидете да го преживеете она што се случило. Многу е важно да најдете сила да се изборите и да се обидете да живеете. Во спротивно, може да ве вовлече во маѓепсан круг .

На доделувањето на наградите „Златен глобус“, новинарите го прашаа Силвестер како загубата на неговиот син влијаела на неговата работа, а актерот одговори: „Ми се чини дека во такви ситуации многу помага ако правиш нешто. Во случајот со мојот син, сакав да му оддадам почес и дали мислам дека успеав да го сторам тоа“.

73-годишниот актер е татко и на три ќерки кои ги има со Џенифер Флавин, со која е во брак повеќе од две децении. 

извор:stil.kurir.rs
фото:Profimedia

Има 52 години: Сопругата на Силвестер Сталоне изгледа беспрекорно во бикини (ФОТО)

Ги победија сите бариери: Силвестер Сталоне слави 23 години брак со сопругата Џенифер Флавин