Син ми го фрлив низ прозорот: Пејачката проговори за тешката сообраќајна несреќа, поминала низ пекол
Николина
Ковач пред неколку години имаше сообраќајна несреќа, а сцената кога го извлекувала
синот од автомобилот, како што
тврди, ќе ја памети цел живот.
Пејачката Николина Ковач направи пауза во кариерата, а токму кога по две години сними песна, таа и нејзиниот сопруг Саша Капор доживеаја тешка сообраќајна несреќа.
Несреќата се случила пред неколку години, а пејачката тогаш истакнала дека оваа ситуација ѝ го променила целосниот поглед на животот.
- Кога ја снимив втората песна „Сомнително лице“ и се вратив на сцената по венчавката и породувањето, Саша, син ми Николај и јас доживеавме голема сообраќајна несреќа. Паднавме во реката и ми беше многу стресно. Страшна беше сцената кога Николај го извадив низ прозорецот, бидејќи водата надојде над нивото на прозорецот. Му реков на човекот што ми подаде рака да излезам, само да го земе детето и со фустанот допливав до брегот. Тогаш сфаќаш колку си мал и безначаен. Тогаш ја променив целата моја перцепција за животот. Во тој момент не посетив психотерапевт, денес тоа го правам почесто. Тогаш барав сила во себе. Преку ноќ созреав и пораснав, но ми требаше време за да го вратам мирот во мојот живот, а и во себе – изјавила своевремено пејачката која долго време имала страв од возење за тамошните медиуми.
- Ми требаше долго време да го изгубам стравот од возење. Ми беше непријатно и кога возев и кога бев патник. Предупредував да намалат брзина, да закочат, знаев да излезам од кола...Тоа траеше околу две години, а во исто време добив страв од летање. Сега возам и летам, но сепак имам мал страв од авиони – изјавиво една прилика Николина, пренесува Блиц.
Фото: Youtube - screenshoot