Синот на Дејвид Бекам е доказ дека крушата не паѓа далеку од дрвото: Девојките одлепија по неговото голо торзо, а вниманието го украде еден детаљ

Синот на Дејвид Бекам, Ромео Бекам, објави нова фотографија на социјалните мрежи, а обожавателите останаа избезумени, што во овој случај е доказ дека крушата не паѓа далеку од дрвото.

Еден од најпознатите фудбалери на сите времиња Дејвид Бекам е горд татко на четири деца.

Неговите три сина, Бруклин, Ромео и Круз и ќерката Харпер се неговата најголема гордост, а многумина забележале како сите, освен најстариот Бруклин, личат на нивниот славен татко.

Синот Ромео сега објави нова фотографија на Инстаграм, а 21-годишникот  позира во сауна. Додека многумина ги фалеле неговите испотени мускули, други забележале нешто друго - розовиот термос од кој пиел.

View this post on Instagram

A post shared by ROMEO (@romeobeckham)

„Сега и јас сум жеден...“, „О благ Господе“, „Ми се допаѓа термосот“, се само дел од коментарите.

Инаку, Ромео е фудбалер и моментално игра за Брентфорд Б.

Фото: Инстаграм
Извор: Kurir.rs