Синот на Војо Стојаноски гордо чекори по патот на татко му: Дамјан со прекрасни вести

Дамјан Стојановски, синот на легендарниот пејач на народни песни Војо Стојановски ја објави најнова песна „Аман анамче“ (Таму далеку) со која ги воодушеви неговите фанови.

„На сите ни е познато дека љубовта не познава граници. За една таква љубов раскажува оваа песна“, вели Дамјан на почетокот на видеото.

Музиката и текстот се народни, како аранжман и продуцент се потпишува Златко Миладиновски, а во позадина свири Оркестарот на Златко Миладиновски.

„Браво Дамјане, блазе мајка што те родила, имаш златно грло нека те чува Бог“, „Полн погодок! Браво за целата екипа што стои зад прекраснава оесна“, „Секоја чест, славеј македонски“, се само дел од коментарите на Јутјуб.