Сирачињата од Титаник: Мајка им воопшто не знаела дека се на бродот
Животната приказна на Michel Navratil од самиот почеток била поинаква од илјадници други европски имигранти кои сонувале за подобар живот во Америка. Navratil бил среде бракоразводна парница, а неговата сопруга го доби старателството над двајцата нивни синови.
Родителите сепак се договориле дека тогаш 4 - годишниот Michel и 2 - годишниот Edmond тргнале со татко им во Америка каде ќе пробаат да пронајдат сигурна егзистенција.
Мајката Marcelle дозволила момчињата да заминат со нивниот татко, па тогаш таткото купил карти за брод и патувањето кон ветената земја започнало.
Доколку таткото по некоја случајност би купил карти за еден ден подоцна, за нив никогаш не би се чуло и тие би го продолжиле среќно својот живот во Америка, бидејќи не би тргнале на кобното патување со Титаник.
Се регистрирале како патници од втора класса, а таткото на децата им дал лажни имиња за француската полиција да не ги задржува. Нивниот син Michel, подоцна се присетувал на патувањето. Вели дека се сеќава дека бродот изгледал феноменално:
„Беше толку голем што не го видов целосно. Брат ми и јас си игравме на некоја од палубите и уживавме во патувањето“.
Целата неверојана сторија прочитајте ја на Хаштаг