Сиромашниот Роналдо ме молеше за храна, син ми не ми верува: Се јави најбараната готвачка на светот
Жената која му помогнала на еден од најдобрите фудбалери на денешницата се јави и ја прифати поканата за вечера.
По приказната на Кристијано Роналдо, во која откри дека молел за храна и апелот дека сака да се „одложи“ на жените кои му помогнале, се појави Паула Лека, една од нив.
Имено, Кристијано Роналдо неодамна во едно телевизиско интервју кај Пирс Морган, покрај бројните пикантерии од својот живот, откри и како живеел како 11 - годишник, чекаше позади еден од рестораните за брза храна во Португалија, за готвачките од ресторанот да му дадат храна.
Исто така, го запаметил името на една од нив, која скришно на децата во Лисабон, помеѓу кои бил и Кристијано им давала хамбургери кои не биле продадени тој ден. Баш од таа причина, еден од најдобрите фудбалери на денешницата истакна дека сака да и се оддолжи на Паула и другите жени кои ги нема заборавено.
Тој јавно ја повика жената да се јави, а Паула Лека, една од нив веднаш се јави на повикот на Португалецот. Како што пренесува радиото Renascenca, Паула скоро скеоја вечер ги хранела гладните деца кои во Лисабон тренирале фудбал и живееле сиромашен живот.
„Се појавуваа кај ресторанот, а кога хамбургерите остануваа, добивавме дозвола од менаџерите за да им ги поделиме на децата. Едно од тие момчиња беше и Роналдо. Беше најплашлив од сите. Ова се повторуваше скоро секоја вечер“ - рече Паула и продолжи:
„И понатаму се смеам кога размислувам за тоа. Веќе му раскажував на сим ми за тоа, но мисли дека лажам, бидејќи не може да поверува дека неговата мајка некогаш му давала хамбургер на Кристијано Роналдо. И мажот знае за тоа. Се сеќава кога доаѓаше по мене, дека таму имаше деца, а помеѓу нив и Роналдо.