Сите детали за разводот на деценијата: Колку пари доби Мелинда Гејтс!

Еден од најпознатите и најбогати мажи во светот стави крај на својот брак. Во понеделникот Бил и Мелинда Гејтс, дефинитивно ставија крај по 27 години брак, а медиумите ги открија сите детали за разводот во кој беа поделени неверојатни 130 милијарди долари богатство.

Бил и Мелинда Гејтс се познати како еден од најстабилните парови речиси три децении, а нивната работа во хуманитарната организација што го носи нивното име предизвика само воодушевување.

Сепак, веста за разводот го шокираше светот пред три месеци, а потписот на документот, значи дека тие дефинитивно се разделуваат.

Бидејќи немаше предбрачен договор, тие одлучија да го поделат имотот вреден повеќе од 130 милијарди. Американските медиуми пренесуваат дека Мелинда на тој начин ќе добие неверојатни 65 милијарди долари, а во исто време ќе го задржи презимето Гејтс.

Многу брзо откако беше објавена веста за разводот, во јавноста се појавија приказни дека Гејтс ја изневерил својата сопруга и дека имало дури и случаи на сексуална злоупотреба во времето кога тој бил на чело на „Мајкрософт“. Така, британскиот Дејли Мејл објави дека проблемите во бракот настанале откако Мелинда Гејтс го прочитала писмото напишано од вработен во Мајкрософт во 2019 година, во кое се наведува дека нејзиниот сопруг имал несоодветен однос со жена вработена во компанијата.

Гејтс беше отстранет од позицијата член на управниот одбор на „Мајкрософт“ во 2020 година, по истрагата за неговото однесување и афера, која наводно завршила со „пријателски тон“.

Мелинда не побарала алиментација при разводот бидејќи на денот кога поднела барање за развод, добила акции во износ од две милијарди долари. Еден ден подоцна, поранешниот шеф на „Мајкрософт“ додаде 25 милиони акции на мексиканска Кока-Кола во своето портфолио.


Фото: Rob Report