Сите го пиеме и немаме поим што му прави на црниот дроб: Кафето има голема моќ доколку се конзумира на ваков начин
Ефектот на кафето врз црниот дроб може да биде неверојатен, а никој не би помислил дека еден од омилените пијалоци има таква моќ
Еден од омилените пијалоци кој е суштински дел од утринските ритуали е кафето. Поради основната состојка што ја содржи кафето, односно кофеинот, често е мета на истражување, поради силниот ефект што го има.
Покрај тоа што инстантно ја зголемува енергијата и не буди, некои студии покажаа дека може да го намали ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, а може да влијае и на здравјето на црниот дроб.
Истражувањата покажаа дека кафето има хепатопротективно дејство, што значи дека го штити црниот дроб од оштетување. Пред да дознаете како сè кафето влијае на црниот дроб, имајте на ум дека ова важи за црното кафе, без никакви додатоци и дека сè што ќе додадете во него може да ги намали ефектите што ги има, пишува „Mondo“.
Се верува дека кафето може да заштити од фиброза на црниот дроб
Фиброзата на црниот дроб е сериозен здравствен проблем кој се јавува поради акумулација на ткиво со лузни на црниот дроб. Со текот на времето, таа почнува да влијае на функционирањето на црниот дроб, но во пораните фази, фиброзата може да се „преврти“ со промена на животните навики и користење на соодветни лекови.
Една студија објавена во списанието за хепатологија покажа дека редовното консумирање кафе (и чај) помага да се намали ризикот од фиброза на црниот дроб. Еден начин за тестирање на фиброза е со мерење на цврстината на црниот дроб, а оваа студија покажа дека органот е „помек“ кај оние кои пијат кафе.
Кафето добро делува на ензимите
Во црниот дроб има ензими кои забрзуваат одредени процеси во организмот, како што се разградувањето и елиминацијата на токсините, производството на жолчка и слично. Ако телото произведува премногу ензими, тие можат да навлезат во крвотокот, што може да биде знак за оштетување или болест на црниот дроб. Истражувањата покажаа дека консумирањето кафе може да ја намали концентрацијата на ензими во црниот дроб, а со тоа да го намали ризикот од болести и оштетување на тој орган.
Внимавајте со количината
Освен што позитивно влијае на организмот, кафето може да биде и негативно доколку претераме. Исто така, луѓето кои имаат посериозни здравствени проблеми треба да се консултираат со својот лекар за консумирање кафе.
Izvor: stil.kurir.rs