Сите го знаеме како Дино Мерлин, но еве кое е неговото вистинско име

Босанскохерцеговскиот пејач Дино Мерлин е неизбежна фигура на регионалната музичка сцена на поранешна Југославија. 

Неговата кариера, која трае повеќе од четири децении, започнала раните 1980-ти кога ја основал групата „Мерлин“. 

Почетокот на 1990-тите го одбележал со одлука да тргне по самостоен пат. Во 1991 година започнал соло кариера под името Дино Мерлин, задржувајќи ја врската со бендот што му ја донел славата. 

Името било симболична синтеза – Дино како лично име, а Мерлин како наследство на групата која го обележала почетокот на неговиот пат. Неговото вистинско име е Един Дервишхалидовиќ.

По подолга пауза, неодамна го објави својот нов албум со наслов „Ми“ (НИЕ), кој е негов 12-ти по ред студиски проект. Албумот „Ми“ содржи вкупно 18 песни, меѓу кои е и дуетот со Халид Бешлиќ со наслов „Годино врела“, кој бил снимен во целосна тајност.