Сите летни парчиња од Fashion Group што ги обожававте сега на финално намалување
Летната сезона е при крај, затоа искористете го периодот за супер шопинг по намалени цени.
Од денеска во продавниците на Fashion Group и онлајн започнува финалното намалување на ултра стилските парчиња од колекција пролет-лето.
Токму ваквите сезонски намалувања се совршена прилика да си ги набавите сите парчиња во кои ќе уживате до крајот на летото, но и да почнете да се подготвувате за студената сезона што е пред нас.
Не двоумете се и нарачајте си ги омилените маички со потпис на некои од најпознатите брендови од мулти-брендот Fashion & Friends, најслатките парчиња од Okaidi, лежерните фустани од Mango, најубавите чанти со потпис на Guess како и многу други производи.
Големите сезонски намалувања се совршена прилика да ја разгледате вашата гардероба за да видите што сè ви недостасува за правење на најдобрите комбинации и истите парчиња да си ги набавите по одлични цени.
Токму на овие намалувања ќе ги најдете можеби најголемите класици за вашата гардероба, но и сите оние тренди парчиња што се омилени оваа сезона.
За време на шопингот, не пропуштајте ја и можноста да ги погледнете и новите колекции на нашите брендови во кои се кријат толку многу шик парчиња кои се омилени на девојките оваа сезона.
Сите производи од понудата на сезонското намалување ги гледате на следниот линк: https://bit.ly/3kbNtc5, но и во продавниците на брендовите на Fashion Group.
ПР објава