Сите луѓе се заинтересирани за овие работи поврзани со сексот, но им е непријатно да прашаат


Неудобноста да се зборува за мастурбацијата направи многумина од нас да се скептични или да се чувствувуаат непријатно, особено кога станува збор за честата мастурбација или кога соло сексот е почест отколку партнерот.

Додека пак разговорите за секс станаа поотворени и почести од порано. Но, иако денес е полесно да се зборува за интимни работи, постојат одредени теми од кои луѓето се срамат и се чувствуваат непријатно да бараат одговори. Експертите одговориле на прашања кои интересираат многумина.

Дали премногу мастурбирам?

Сексуалниот едукатор Франциско Рамирез често добива прашања од луѓе кои сакаат да знаат дали нивните навики за мастурбација се „нормални“. Тој ги уверува дека секоја фреквенција – без разлика дали е често, повремено или речиси никогаш – е во ред.

-Нема ништо лошо во тоа да се мастурбира неколку пати на ден – забележува Рамирез.

Сепак, тој истакнува дека проблеми се јавуваат ако навиките за мастурбација почнат да се мешаат во секојдневниот живот: романтични врски, работа или други обврски.

-Во спротивно, не би требало да биде проблем. Освен што се чувствувате добро, мастурбацијата може да го подобри сонот, да го намали нивото на стрес, да ги ублажи менструалните грчеви и да обезбеди увид во она што ни одговара – вели тој.

Дали вибраторот ќе ме направи нечувствителна за време на сексот?

Честото прашање што сексуалната едукаторка Ева Блум го добива од жените е дали користењето на нивната омилена секс играчка може да предизвика губење на сензација и да спречи оргазам за време на сексот.

Добрата вест: одговорот е не.

- Секое вкочанетост на клиторисот што може да го почувствувате по користењето на вибраторот е привремено. Кога доживувате оргазам користејќи одреден метод одново и одново – користејќи вибратор или одредено движење на раката – може привремено да стане потешко да се постигне оргазам на други начини, вели таа.

-Ако доживеете трајно губење на чувствителноста на гениталиите, веројатно не е виновна вашата секс играчка. Закажете состанок со вашиот гинеколог за да исклучите какви било медицински состојби. Стресот, нелекуваните нарушувања на расположението и проблемите со зависноста можат да влијаат и на сексуалното функционирање – изјави гинекологот Шери.

Дали моите чудни сексуални фантазии значат дека нешто не е во ред со мене?

-Луѓето имаат тенденција да ги преиспитуваат своите фантазии и да се осудуваат себеси врз основа на она што ги возбудува. Некои ги исполнуваат своите фантазии со партнер кој им е достапен, но за повеќето луѓе фантазиите се токму тоа – фантазии – вели клиничкиот сексолог и сексуален едукатор Лоренс Сигел.

-Само затоа што човек ужива да замислува одредено еротско сценарио, не значи дека е заинтересиран да го реализира во реалниот живот. Фантазиите, колку и да изгледаат бизарни, не мора да претставуваат желба за такво однесување во реалниот живот. Тоа што ти е во глава е само за тебе – додава тој.

Меѓутоа, ако содржината на вашата фантазија е вознемирувачка или наметлива, Сигел препорачува да разговарате со сексуален терапевт за да не доведе до несакано однесување.

Ако уживам во аналната игра, дали тоа значи дека сум геј?

Ова е прашање кое сексологот Милштајн често го добива од хетеросексуалните мажи кои по „аналната игра“ со партнерките откриваат дека им се допаѓа тоа чувство.

-Физички гледано, не е изненадување што уживаат. Кога работев со мажи кои требаше да одат на ректален преглед, ги предупредив дека постои голема веројатност да добијат ерекција за време на испитот. Зошто? Бидејќи точката Г кај мажите се наоѓа во близина на простатата, а најлесниот начин да се стимулира простатата е да се вметне нешто во анусот – вели таа.

Во однос на хомосексуалноста: уживањето во одредена сексуална активност не кажува ништо за сексуалната ориентација.

Дали е проблем што сакам поголем пенис?

Во свет во кој доминира порнографија, каде што се чини дека екстра големите пениси се норма, експертите велат дека не е ни чудо што мажите постојано бараат начини да ги направат своите пениси поголеми. Но, ниту еден од безбројните производи – од апчиња, креми до пумпи – кои тврдат дека го зголемуваат пенисот всушност не може да ја зголеми неговата големина.

-Мојот совет е едноставен: не го прави тоа! Не постои научен доказ дека некој од овие методи функционира, вели Сигел. Загриженоста за големината на пенисот е честа појава, но Сигел сака повеќе мажи да разберат дека просечната големина веројатно не е толку голема колку што мислат. Постои голема веројатност дека партнерката не се грижи за големината, туку за вашата техника.