Сите на стадион на мечот со Бугарија, ФФМ ги одреди цените за септемврискиот дуел

ФФМ на денешната седница на Управниот одбор доенсе неколку важни одлуки, за навивачите во фокусот цените за дуелот со Бугарија во Лигата на нации во Скопје во септември.

Цената на влезница за натпреварот ќе изнесува 250 и 350 денари. Влезниците ќе се продаваат преку продажната мрежа на MKTikets, официјален партнер на ФФМ за продажба на билети. Едно лице ќе може да купи најмногу четири билети со приложување на докуменети за идентификација. 

Дуелот со Бугарија на арената „Тодор Проески“  се игра на 26 септември од 20-45 часот.