Сите се прашуваат како на 50 години ќе му роди дете на 17 години помлад маж: Имаат секс пет пати на ден, а таа никогаш не се заситува
Фото: MEGA / The Mega Agency / Profimedia
Сите се прашуваат дали жена во нејзините 50-ти може да му родит дете на17 години помлад маж, додека тие двајца водат љубов по цел ден
Најпознатата љубовница, Ларса Пипен не престанува да го привлекува вниманието на јавноста со врската со 17 години помладиот Маркус Џордан. Тие двајца често зборуваат за нивните интимни врски, нагласувајќи дека водат љубов по цел ден.
Интересно е што тие двајца долго време размислуваат за создавање семејство, додека многумина коментираат дека Ларса го лаже своето момче дека ќе му роди дете, бидејќи има 49 години.
„Секогаш имам секс најмалку четири пати на ден - дури и кога бев во брак со Скоти. Тоа е факт", вели Ларса и додава:
„Тој број сега е зголемен. Сега го имам најмалку пет пати на ден и со човекот на мојот живот“, вели Ларса.
Во приказната се вклучи и Маркус. Тој тврди дека напорно тренира за да остане во форма за Ларса.
„Исклучително сум фит. Сакам да сум во форма. Да, да. Дефинитивно имаме секс повеќе од три пати на ден. Двајцата сакаме силно и одзади", е пораката на оваа контроверзна двојка.
Да потсетиме дека Ларса беше во брак со Скоти Пипен речиси две децении, а се разделија во 2016-та година, додека официјалниот развод следеше две години подоцна. Ларса има три деца со Скоти.
Негативците велат дека фаталната Ларса со години го гледала Маркус како расте, а неговиот татко, легендарниот Мајкл Џордан е добар пријател со поранешниот сопруг на Ларса, Скоти, со кој играше во истиот тим. Често може да се слушнат коментари дека Ларса му менувала пелени на Маркус, но сега по цел ден спие со него.
Извор: stil.kurir.rs