Скандал од невидени размери: Додека Бекер „гние“ во затвор, неговата поранешна се журка на јахта со своето момче и шампањ

Поранешната сопруга на Борис Бекер не се грижи за јавноста, секому ги покажа градите!

Тенискиот стручњак Борис Бекер, поранешен тренер на легендарниот Новак Ѓоковиќ, издржува затворска казна од две и пол години за проневера и затајување данок. И додека тој е во ќелијата, неговата се‘ уште легална сопруга Лили Бекер се журка на јахта.

Лили моментално ужива на Ибица, максимално искористувајќи го своето време на бродот. Папараците ја фатија како со насмевка на лицето се бакнува со своето момче и наздравува со шампањ.  

Таа носеше златен едноделен костим за капење, но во еден момент го соблече. А многумина беа изненадени од потегот на оваа дама, бидејќи на јахтата во тој момент бил и нејзиниот син. 

Иако не може да се негира дека и понатаму е многу атрактивна, многу луѓе ја критикуваа за ваквата слобода, па нејзините фотографии го обиколија светот. И сите се прашуваат како би реагирал на ова славниот тенисер.

Борис и Лили се разделија во 2018 година, но сè уште не ги потпишале документите за развод. Сепак, поранешните сопружници останаа во добри односи, а Лили по пресудата јавно го поддржа поранешниот партнер.

- Ова се однесува на сите нас. Како што кажавте, имаме големо семејство, вклучувајќи го и семејството во Германија. Сите се држиме заедно, неговата поранешна сопруга, децата, неговата сегашна девојка Лилијан. Тука сум да им покажам на сите дека Борис зад себе има исклучително силни жени кои нема да зборуваат наместо него, туку ќе го штитат – изјави Лили. 

Таа истакна дека има добри односи со сегашната девојка на Борис, политичкиот аналитичар Лилијан де Карваљо Монтеиро, иако двете речиси биле во лоши односи.


Фото: Профимедиа