Скокна продажбата на кондоми во Русија, а на целата ситуација реагираше и министерството

Русија увезува 600 милиони кондоми годишно, а произведува 100 милиони

Руските трговци забележаа голема побарувачка за кондоми предизвикани од стравот од пораст на цените и недостигот поради западните санкции. Дури 170%  раст на продажбата во првите две недели од март забележа најголемата руска онлајн продавница Wildberries, додека рускиот синџир на аптеки „36.6“ забележа пораст на продажбата од 26%. Продажбата во супермаркетите скокна за 30%, а пренесува Metro.

 - Луѓето купуваат залихи и покрај тоа што бевме принудени да ги зголемиме цените - изјави Јесенија Шамонина, косопственик на секс-шопот Prezervativnaya.

Тој додава дека цените поскапеле и до 50%, во зависност од производителот. Продажните цени се зголемија поради големиот пад на вредноста на руската рубља во однос на клучните западни валути. Производителите купуваат латекс кој доаѓа од земји кои не воведоа санкции, но го плаќаат во западни валути, кои сега се далеку поскапи. Поради целата ситуација реагираше и Министерството за индустрија и трговија, кое ги отфрли шпекулациите дека може да има долгорочни проблеми.

- Не е предвиден недостаток на овој производ. Земјите најголеми производители Тајланд, Индија, Јужна Кореја и Кина не престанаа да испорачуваат производи во Русија - објавија тие.

Инаку, Русија увезува 600 милиони кондоми годишно, а произведува 100 милиони.


Фото: фреепик