Скриени соби во познат православен манастир во Турција: Мистериозен тунел ги изненади сите

Реконструкцијата на еден од најважните и најстарите православни манастири во Турција траеше речиси две години.

Благодарение на реконстуркцијата на Сумела, беше откриено големо откритие во северниот дел на манастирот, каде што беше пронајден таен тунел што води кон мала капела. Капелата е насликана со фрески чија тема е рајот и пеколот и животот и смртта. Која не беше во добра состојба.

Според локалните власти во градот Трабзон, реставрацијата се изведувала во тешки услови. Сепак, по неколку години, посетителите на манастирот конечно ќе имаат можност да го посетат секој негов агол, откако специјални тимови работеа на отстранување на опасните карпи што водат до новооткриената капела.

Патем, Сумела е грчки православен манастир посветен на Богородица и се наоѓа во планината Мела во провинцијата Трабзон во Турција. Тоа е едно од најважните православни светилишта во светот.


извор:beograd.in