Сквернавење или генијалност: Ролс Ројсот на хаубата има був со дијаманти
Дрејк е канадски пејач и актер, ко секогаш го крунисува својот успех својот успех со нов луксузен автомобил, овојпат соРолс-Ројс Фантом VIII ...
Бидејќи сите рапери сакаат луксуз и сјај, така Дрејк реши да ја култивира таа слика, па затоа тој го одбра Фантомот Ролс-Ројс. Меѓу другите персонализирани детали, најинтересна е хаубата. Наместо легендарниот украс на Ролс-Ројс- “Spirit of Ecstasy”, Дрејк нарача златен був обликуван со дијаманти.
Фантомот изгледа вака благодарение на Тони Бет, „дизајнер на личните автомобили“ на Дрејк. Допуштајќи му да му го диктира изгледот на сопствениот автомобил, на некој друг може да изгледа бесмислено за секој ентузијаст, но автомобилите на Дрејк изгледаат прилично добри во споредба со некои од славните возила што сме ги виделе последниве години.
Овој Ролс-Ројс доби нов дво-тонски сјај, односно елегантна комбинација на црно и посебна нијанса на бледо жолта боја. Ентериерот исто така ја доби вистинската комбинација на бои, а згора на сите останати нешта, тркалата доаѓаа со специјални дезени.
Бувот што ја краси хаубата е заштитен знак на Дрејк, а исто така е симбол на неговата издавачка куќа OVO Sound. Направен е од цврсто злато, очите му се со дијаманти, а цената на украсот сè уште не е откриена, но автомобилот е платен околу 635.000 евра.