Славиша има 60 години и двојно помлада жена: Им дава совети на врсниците како да имаат возбудлив љубовен живот
Славиша е добро воспитан 60-годишен маж кој по долг брак и
развод решил да ужива во животот. Цел живот работел од утро до вечер, бидејќи
имал своја фирма. Цел ден не бил дома, го запоставил семејството на сметка на
работата, а тоа довело до развод.
На потешкиот начин, Славиша сфатил дека не смее да го зема времето здраво за готово. Животот поминува, без разлика дали тој ужива или не. Затоа пред една година донел одлука повеќе да си се посвети себеси, повеќе да се одмора и да ужива во животот, а помалку да работи, бидејќи се уште не е во пензија. Бидејќи компанијата што ја води е семеен бизнис и во неа работат и неговите деца, тој може да поминува помалку време на работа, бидејќи тие ќе ги преземат неговите обврски.
Славиша бил во брак 35 години со жена на негова возраст. Сега е во врска со 30-годишна девојка која му помагнала да го промени животот на подобро. „Нашата врска се заснова на љубов и почит. Не ја финансирам, како што мислат многумина. Таа е независна млада жена, која работи и има пристојна плата. Нејзините родители и купија стан. Нашата врска е полна со разбирање и поддршка“, вели Славиша.
На своите врсници им порача да не се плашат од љубовта во зрелите години, туку да се опуштат и да се препуштат на уживањето во животот кој брзо минува. „Од искуство знам дека ако внимаваш што јадеш, не пиеш или пушиш, ако се грижиш за своето здравје и доволно спиеш и редовно вежбаш, твојот љубовен живот ќе биде одличен и на моја возраст“, истакнува тој.
Фото: freepik
Извор: најжена