Славниот Британец се соблече и покажа со што располага на 49 години (ВИДЕО)
„Нема подобар начин вака да го започнете денот“, напиша денеска на Инстаграм славниот Британец Дејвид Бекам со видео од својата домашна теретана каде што вежба како професионалец. Навикнат е на ова темпо на тренинзи бидејќи со години се занимава со фудбал, а по пензионирањето не попушти.
Дејвид Бекам покажа дека е во топ форма, на 2 мај наполни 49 години, а изгледа како фраер.
„Се согласувам, и мојот ден добро почна“, вели неговата обожавателка која се согласува со оние кои велат дека „Бекам им го разубави утрото“.
А вака се коментира видеото на Бекам: „Благословен е оној кој го снимал“, „Среќна сум сега“, „Ти благодарам Викторија“ (напишано од оние што мислат дека Пош е виновна за ова видео), „Ова ми ја направи неделата “, „Уф, Дејвид“.
Бекам, кој поради одличната форма го нарекуваат Титан, е пример дека машката привлечност може да стане уште поизразена со годините. Нему му помага и ваквата грижа. Пред неколку години поранешниот фудбалер за Into The Gloss откри дека краде креми од сопругата, британската дизајнерка Викторија Бекам.
„Отсекогаш знаев како сакам да изгледа мојата коса и такви работи, но имав и кариера каде што играв на теренот, морам да се грижам за сопствената кожа поради тоа, но начинот на кој се грижев за тоа беше да крадам женски работи, бидејќи знам дека таа ги има најдобрите креми“.
Двојката Бекам минатата година за Vogue изјави како се грижат за себе. Исклучително им се важни хидратацијата на кожата, чистењето и пилингот – второто го користат ретко. Советуваа дека треба внимателно да ја читате содржината на препаратот, а не да се водите од „бучни“ состојки, препорачаа употреба на ретинол и внимателно користење на новите технологии.
ФОТО: Инстаграм принтскрин