Спорт // Спорт
Славниот Марадона има хематом на мозокот: Итно на операција
Еден од најпознатите фудбалери во историјата, Диего Марадона е хоспитализиран и мора да му се изврши операција бидејќи има крварење на мозокот. Јавноста не знаеше што точно го предизвикало ова, но се огласи неговиот менаџер, кој пред се рече дека ако го сакате Марадона, молете се за него. Менаџерот Стефано, кој воедно е негов добар пријател ја откри и причината за крварењето на мозокот.
-Се удри со глава и тоа не го дозна бидејќи пиеше апчиња. Мора на операција зашто прегледите покажаа дека има хематом на мозокот предизвикан од тој удар. Докторите велат дека мора да се оперира, вели Стефано.
По операцијата, од тимот на Марадона објавија:
„Се беше успешно и мина како што се „очекуваше“.