Следниот месец ќе се игра завршницата во НБА лигата: Дизниленд ќе ги угости кошаркарите
Љубителите на кошарката ќе се изначекаат до продолжението на сезоната на НБА, но сепак ќе го дочекаат и тоа на 31 јули, потврдено е од седиштето и првиот човек на организацијата, Адам Силвер.
Одлучено е дека сите натпревари на најсилната кошаркарска лига на светот ќе се играат на една локација, а тоа ќе биде „Светот на Дизни“ во Орландо.
Натпреварувањето ќе го продолжат Лејкерси, Клиперси, Денвер, Јута, Оклахома, Хјустон, Далас, Мемфис, Портланд, Њу Орлеанс, Сакраменто, Сан Антониа, Финикс, Милвоки, Торонто, Бостон, Мајами, Индијана, Филаделфија, Бруклин, Орландо и Вашингтон.
Дизниленд во Флорида ќе ги дочека најсилните екипи кои ќе играат за титулата првак, а може да бидеме сигурни дека условите кои ќе им бидат пружени ќе се совршени. Кошаркарите и целиот персонал на екипите секојдневно ќе се тестираат на коронавирус, а се подготвени и посебни протоколи доколку има позитивни случаи.
Во продолжение погледнете како ќе изгледа сето тоа:
<blockquote class="twitter-tweet"><p lang="en" dir="ltr">Disney World Reportedly 'Clear Front-Runner' for NBA's Return Venue. This is the HP Field House at ESPN Wide World of Sports at Disney World. <a href="https://t.co/jcWUZW1MUa">pic.twitter.com/jcWUZW1MUa</a></p>— SHEY (@Lakergirl_247) <a href="https://twitter.com/Lakergirl_247/status/1263248133015826433?ref_src=twsrc%5Etfw">May 20, 2020</a></blockquote> <script async src="https://platform.twitter.com/widgets.js" charset="utf-8"></script>