Слика на момче што плаче била дел од секој дом во Југославија: Никој не знае каква хорор-приказна се крие зад неа, се верува дека носи лоша среќа! (ВИДЕО)
Сликата на расплаканото момче беше многу популарна во Југославија, ги красеше ѕидовите на многу домови, но малкумина ја знаат приказната зад неа...
Една ноќ, семејството Хал од Јужен Јоркшир го загуби својот дом во пожар. Во пожарот им бил уништен целиот имот освен една работа – слика на момче кое плаче.
Овој настан доби застрашувачки тон кога британското списание „Сан“ на 4 септември 1985 година објави интервју со пожарникар кој потврди дека изгаснал многу пожари во кои сликата на расплакано момче е единственото нешто недопрено во пожарот.
По објавувањето на написот, уредниците добија бројни писма во кои читателите опишаа слични случаи. Во сите овие приказни, единствениот предмет што остана недопрен во пожарите беше слика на расплакано дете.
Многу луѓе ја прогласија сликата за опседната поради овие приказни. Пожарникарите, кои први ги забележале необичните појави, ги извадиле сликите од нивните домови, сметајќи дека привлекуваат лоша среќа.
Оригиналната слика, врз основа на која се создадени бројни верзии и репродукции на расплаканото момче и девојче, е насликана од италијанскиот уметник Џовани Браголин. Репродукциите беа широко дистрибуирани низ светот по 1950-тите.
Според некои извори, првото насликано момче било Дон Бонито, кој случајно предизвикал пожар во кој загинале неговите родители. Се вели дека бил посвоен и малтретиран од уметникот Џовани.
Со тестирање на отпорноста на сликата на пламен, беше утврдено дека платното е обложено со заштитен слој од огноотпорен лак, што објаснува зошто сликата останала недопрена во пожарите.
Извор: Аlo.rsФото: Принтскрин/Пинтерест