Смеење со солзи со Балканските шоумени: Коронавирусот е причина да ни понудат урнебесен хумор

Ма, каква изолација и карантин? За нив не постои такво нешто, барем во поглед на сето она што го презентираат, а кое предизвикува смеење со солзи. Балканските актери Андрија Милошевиќ, Милан Калиниќ и Игор Џамбазов на социјаланите мрежи постојано постираат видеа со хумористична содржина, претежно насочени кон моменталната ситуција со коронавирусот, ама сето тоа во нивен стил. Издвоивме неколку нивни видеа, а ваше е да се насмеете:

Андрија Милошевиќ

Српскиот актер не престанува со безусловен хумор. Го смее цел Балкан со своите видеа кои ги постира на Инстаграм. Во коментари, сите му се заблагодаруваат што во вакви времиња ги смее со солзи, а видео записите се исполнети со тематика од Ковид-19. Инаку, ќе го витите како вежба Хардрок фитнес и вели: „Носете кеса на глава за време на тренингот за да не ви ослабе косата“...


Милан Калиниќ

Актерот и шоумен Милан Калиниќ исто така со своите скечови смее до солзи. Сосема различен во гестикулацијата од Андрија, но совршен во хумуростичните изведби. Во видеото веруваме дека и вам од срце ќе ве насмее:


Игор Џамбазов

Што да се каже за нашиот Игор? Секогаш знае да не‘ насмее, дури и кога ни е најтешко. Џамбазов е многу активен на Инстаграм, постира и видеа и фотографии. Најчесто од Дојран, каде ја поминува изолацијата. Но овој пат, наместо видео со хумористична содржина, ви претставуваме нешто што тој го сними, а ретко се гледа:

View this post on Instagram

Чудо...

A post shared by Игор Џамбазов (@igordzambazov) on


Н.Т.