„Смртта не постои! Ниту еден човек кој постоел не умрел“: Доказите кои Тесла ги имал за овие тврдења кријат голема тајна

Никола Тесла верувал дека смртта не постои, додека на светот гледал со сосема други очи, менувајќи ја реалноста со помош на свеста.

Го нарекуваа сонувач, ги исмеваа неговите идеи, но времето стави сè на свое место. Никола Тесла беше неверојатно талентиран. До своите откритија дошол лесно, како на шега. Велеше дека техничките решенија сами му паѓале на памет. На светот и на луѓето гледаше со сосема поинакви очи.

Неговите пронајдоци биле повеќе од еден век пред своето време. Го знаеше она што никој друг не го знаеше, знаеше како да ја промени реалноста со помош на свеста. За него сè уште постојат легенди.

„Смртта не постои, а со тоа сознание исчезнува и стравот од неа. И запомнете: ниту еден човек кој постоел не умрел. Тие се претворија во светлина и како такви сè уште постојат. Тајната е да се вратат тие светлосни честички во првобитната состојба. Враќање на една од претходните енергии. Христос и другите ја знаеја таа тајна. Барав како да ја зачувам човечката енергија.Тоа е една од облиците на светлината. Во душата понекогаш е еднаква на врвната светлина на небото. Тоа не го барав заради него, туку заради доброто на сите. Верувам дека моето откритие ќе го направи животот на луѓето полесен и поподнослив и ќе ги насочи кон духовноста и моралот“, изјави Тесла.

Она што го издвојуваше Тесла од другите научници беше секако неговиот однос кон духовноста и имаше посебен пристап кон метафизиката. Тој беше на ставот дека менталната компонента поврзана со духовноста на човечкото суштество овозможува напредок. Тоа е она што го издвојува од Ајнштајн кој ја негираше менталната компонента.

Проучувајќи ги механизмите на неговиот психички живот, Тесла открил дека низа слики од „другата реалност“ секогаш се поврзани со настани во „вистинската реалност“ и дека постои прилично редовна корелација.

Успеал да сфати дека секоја негова мисла е предизвикана од некој надворешен впечаток.

„Не само мислите, туку и постапките се провоцираат на ист начин. По некое време, ми беше совршено очигледно дека сум само автомат обдарен со способност за движење, реагирајќи на дразбите на чувствителните органи и мисли и дејствувајќи соодветно. Практичен резултат на ова знаење беше, многу години подоцна, откривањето на телеавтоматската контрола за чии закони конечно станав свесен, иако ги носев во себе во форма на нејасни и недовршени идеи од порано“, рекол тој.


Nikola Tesla, Foto: Pictorial Press Ltd / Alamy / Alamy / Profimedia