СН Осигурителен Брокер донираше таблет компјутери за центарот Порака, децата со попреченост се заблагодарија со рачно изработена уметничка слика
Како дел од стратегијата за општествена одговорност во рамките на програмата за поддршка на воспитно образовните установи СН Осигурителен Брокер АД Битола донираше таблет компјутери во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“- Битола.
„Оваа донација има големо значење за децата кои се едуцираат и социјализираат во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост„Порака“. Таблет компјутерите ќе бидат ставени во функција на едукативната програма и уверени сме дека многу ќе придонесат за унапредување на знаењата и креативните вештини на децата.“- изјави Јулијана Трајчевска, претседател на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“- Битола.
Во центарот „Порака“ во Битола се едуцираат вкупно 14 деца со интелектуална попреченост, кои три пати неделно посетуваат едукативни работилници во рамките на социјалниот клуб.
Во знак на благодарност за донацијата тие изработија уметничка слика во декупаж техника за СН Осигурителен Брокер.
„Навистина не трогна изразот на благодарност од страна на децата кои што се едуцираат во Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост. Тоа за нас не е само потврда за досегашната поддршка која СН Осигурителен Брокер традиционално ја обезбедува за лицата со посебни потреби во рамките на стратегијата за општествена одговорност, туку е и обврска и во иднина да продолжиме со поддршка која ќе овозможи поинклузивен и правичен свет за лицата со посебни потреби.“-велат од СН Осигурителен брокер.
Воедно, СН Осигурителен брокер обезбеди и организирана посета на Золошката градина во Скопје за сите штитениците на центарот „Порака“ од Битола, покривајќи ги и трошоците за храна и превоз.
ПР објава