СН Осигурителен Брокер донираше во три училишта и една градинка во рамките на програмата за општествена одговорност

Како дел од стратегијата за општествена одговорност во рамките на програмата за поддршка на училиштата и градинките и оваа учебна година СН Осигурителен Брокер АД Битола реализираше неколку донации.

Школски мебел, односно нови маси и столови се донирани во основното училиште „Даме Груев“ во Битола. Со оваа донација е опремен кабинетот по физика.

„Општествената одговорност претставува важен дел од корпоративната стратегија на СН Осигурителен Брокер АД Битола. Во рамките на програмата за поддршка на училиштата и градинките нашата цел е да придонесеме за подобрување на квалитетот на образованието и воопшто унапредување на условите во воспитно образовниот процес. На тој начин го поддржуваме развојот на вештините и знаењата кај младите овозможувајќи им фер шанса за едукација и стекнување практични вештини.“- велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола.


Со донација од СН Осигурителен брокер е опремена и една училница во прво одделение во основното училиште “Свети Климент Охридски“ во Битола. Во основното училиште “Елпида Караманди“ во Битола е донирана интерактивна табла која овозможува современи услови за изведување и следење на наставата.

Воедно, нов школски мебел, односно маси и столчиња се обезбедени и за децата од градинката „Коца Василева“ во Битола.

Основа на нашата стратегија за општествена одговорност е поддршката на заедница преку соработка и креирање на долгорочни партнерства со локалните институции, велат од компанијата. 

Покрај поддршката на воспитно образовните институции СН Осигурителен брокер во повеќе наврати донира и во медицинските установи, вклучувајќи ја и поддршката на вакциналните пунктови, како и во областа на културата и спортот. 

ПР Објава