СН Осигурителен Брокер: Продолжуваме со поддршката за поголема афирмација на македонскиот спорт

Ракометна топка потпишана од играчите на македонската репрезентација за време на Европското првенство 2022 денеска е изложена во седиштето на СН Осигурителен Брокер во Битола.

Истата е подарок од ракометниот портал до СН Осигурителен Брокер, кој бешe официјален партнер на 24rakomet.mk за ЕП2022. Компанијата во рамките на програмата за општествена одговорност овозможи поддршка за известувачката екипа која го следеше настапот на македонската машка сениорска репрезентација за време на натпреварите на Европското првенство во Унгарија.

„Со ова прекрасно изненадување денот ни го разубави екипата на 24Ракомет во знак на благодарност за поддршката која што СН Осигурителен брокер АД Битола како општествено одговорна компанија ја овозможи за известувачите од ова престижно спортско случување. Вашето внимание за нас ќе остане драг спомен на партнерството помеѓу СН Брокер и 24Ракомет под мотото „Заедно на европско“, но исто така и обврска и натаму да продолжиме со поддршката која придонесува за поголема афирмација на македонскиот спорт, затоа што нашите спортски херои тоа го заслужуваат.“-напишаа од СН Брокер на својата страница на Фејсбук.

Како општествено одговорна компанија СН Осигурителен Брокер АД Битола, покрај во спортот, досега во повеќе наврати донира и во образовните, медицинските и културните установи во Македонија.

ПР објава