Снежна забава во Мадрид: Граѓаните уживаат во снегот откако Филомена ја зафати шпанската престолнина (ВИДЕО)
Снежните бури
предизвикаа многу проблеми во Шпанија, но многумина ја искористија оваа
ситуација за да се забавуваат
Многу жители на Мадрид ги игнорираа повиците на властите да останат дома, па излегоа на улиците да се забавуваат со зимските активности откако шпанскиот главен град беше парализиран од снегот, најголемиот во последните педесет години.
Бурата Филомена во петокот го закопа Мадрид со рекордни 50 сантиметри снег, што резултираше со катастрофа во градот. За жал, три лица загинаа во градот и неговата околина, а министерот за внатрешни работи, Фернандо Гранде-Марласка, откри дека две лица се удавиле откако нивниот автомобил им го однел надојдена река. Третото лице е бездомник кој замрзнал.
Сепак, и покрај проблемите и трагедијата, многу граѓани одлучија да ги искористат овие необични услови во Мадрид. Тие организираа масовна борба со снежни топки во центарот на градот, некои скијаа, а имаше и такви кои уживаа да возат санки влечени од кучиња.
People are now skiing through Madrid pic.twitter.com/rTJ7BbYeYc
— Tom Allnutt (@TomAllnuttAFP) January 9, 2021
Покрај тоа, снежни скулптури беа направени во различни делови на Мадрид.
Snow ball war in Madrid city centre.
— Xavi Ruiz (@xruiztru) January 9, 2021
09/01/21
pic.twitter.com/5PctC3WgRy
Поради снегот, аеродромот Мадрид-Барахас беше затворен, а железничките линии со Аликанте и Валенсија беа прекинати.
Epic snowball fight taking place on #madrid Gran Via #NieveenMadrid #filomena #snow pic.twitter.com/v6Ig2OtTdF
— Fiona Govan (@fifimadrid) January 9, 2021
Сообраќајот во Мадрид доживеа колапс, а илјадници автомобили беа запленети со часови. Властите ја повикаа војската да им помогне на возачите.
Фото и Видео: Твитер