Снимка од нуклеарна катастрофа прикажана на руска телевизија: „Печурката“ која се крена по експлозијата мрзне крв во вени! (ВИДЕО)

Руската „НТВ“ објави репортажа со наслов „Во пресрет на нуклеарен конфликт - како оружјето за масовно уништување стана дел од геополитичката игра“.

Руската телевизија „НТВ“ објави шокантна репортажа на која е прикажано видео од нуклеарната катастрофа. Прилогот е наречен „Во очекување на нуклеарен конфликт - како оружјето за масовно уништување стана дел од геополитичката игра“. Оваа телевизија е во сопственост на рускиот енергетски гигант „Гаспром“.

Видеото ги прикажува првите ударни бранови од нуклеарна експлозија што може да се случи доколку Русија употреби нуклеарно оружје во Украина.

Поради руската анексија на четири региони (Доњецк, Харков, Луганск и Запорожје) се засили наративот за наводната можност за користење нуклеарно оружје. Застрашувачки снимки од издигнувањето на „печурката“ по експлозијата го шокираа светот.

Во тој телевизиски извештај, западните сили беа обвинети дека премногу зборуваат за нуклеарна војна, додека руските власти повремено вербално се закануваа дека ќе го употребат тоа оружје доколку се укаже потреба. Прилогот покажува и како оружјето оди на запад од Краснојарск, град во Сибир.

„Ние сме во ситуација кога супериорноста во ресурсите и конвенционалното оружје е на страната на Западот. Моќта на Русија се заснова на нејзиниот нуклеарен арсенал“, вели Василиј Кашин, политички аналитичар.