Живот // Живот
Сноуден доби син: Објави фотографија со сопругата и бебето и посака среќни празници
Американскиот „свиркач“ Едвард Сноуден и неговата сопруга добија син, а со фотографиите кои ги објавија денес на социјалните мрежи, ја споделија оваа информација со јавноста.
„Среќни празници од нашето новопроширено семејство“ - напиша Линдзи Милс, сопругата на Сноуден, споделувајќи фотографии на Инстаграм.
„Како што очекувавме, во неговото семејство има новороденче. Едвард и Линдзи имаат син. Мајката и бебето се во одлична здравствена состојба", објави денеска руската новинска агенција Интерфакс, повикувајќи се на адвокатот на Сноуден, Анатоли Кучерен, пренесува Ројтерс.
You made me believe in happy endings. I love you, darlin. https://t.co/cCgT0rr37e
— Edward Snowden (@Snowden) October 28, 2020