Снуп Дог донесе голема животна одлука: Се откажувам од пушењето, молам за приватност во овој момент
Неговиот потег ги шокираше следбениците бидејќи во текот на кариерата отворено зборуваше за љубовта кон марихуаната
Раперот Снуп Дог (52) во четвртокот на својот Инстаграм објави дека се откажува од пушењето марихуана.
- По долго размислување и дискусија со моето семејство, решив да се откажам од пушењето. Ве молиме почитувајте ја мојата приватност во овој момент - напиша Снуп покрај својата црно-бела фотографија.
Неговиот потег ги шокираше следбениците бидејќи во текот на кариерата отворено зборуваше за љубовта кон марихуаната. Некои беа тажни што Снуп ја донесе оваа одлука.
„Не мислев дека ќе го доживеам овој ден“, - беше еден од коментарите на разочараните фанови. Други коментираа дека раперот сигурно се шегувал.
Минатата година се појавија гласини дека познатиот рапер пушел меѓу 75 и 100 џоинти дневно, но Снуп рекол дека пуши околу девет. Инаку, Дог живее во Калифорнија, каде рекреативното консумирање марихуана е легално. За да го витка џоинтот ја ангажирал Renegade Piranhu, која изјавила дека откако работи кај него, свиткала околу 450.000.
Извор: www.24sata.hr